Анета Наковска е добро познато име и мрезиме на македонската музичка естрада. Наковска е една од најзпознатите наши пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енергија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.
Наковска Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.
Инаку, освен што е одлична пејачка, таа во приватниот живот е сопруга на охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги години е во брак. Спиро инаку живее во САД па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Македонија.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
Лидија Ѓорѓевиќ на својот профил на фејсбукс сподели статус со фотографија и текст во кој што вели:
Мора да споделам песна од дете во едно наше училиште. Има надеж дека меѓу децава чучат идни војводи благодарејќи на нивните одговорни родители.
И што би рекол таткото на детето: Доста беа срања како земјо мила бла бла.Сакаше да ја каже вистината и јас го оставив”.Браво Марко!
Домашна работа – Мојата татковина. Мојата земја име нема, Грција и го зема. Мојата земја јазик нема, Бугарија и го зема. Викаат дека била Северна, а потопла земја нема.
За мене е таа Македонија, поубава држава нема. Северџан ме праат да бидам, сите политичари наши. Но јас сум Македонец! Викам гласно и тоа не ме плаши.
Мојата Татковина мила лична е како слика. Не е Северна, Македонија се вика.
Овој статус и целата објава на својот профил го сподели токму нашата позната пејачка Анета Наковска и притоа напиша:
Боже мили се ежам од внатре со целото мое битие, какви јунаци раѓа мајка Македонија.
Гала ти Господи, ова ја грее душата посилно од се, има надеж за нас и нашата најмила татковина тешко нам ачена, Македонија вечна.