Андријана Јаневска објави среќен крај: Сè уште постојат чесни и добри луѓе, еден до нив е Христо

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 1553 Views

Пејачката Андријана Јаневска пред некој ден на социјалните мрежи сподил апел во кој велеше:

Денес нешто пред 10 часот на мојата 82 годишна свекрва Радмила Гиновска и’ го снемува паричникот во KAM MARKET Буњаковец. Веднаш се јавив во Стопанска банка да ја блокираат картичката, но сепак, би било најдобро доколку некој од вработените во Кам маркет Буњаковец или некој чесен граѓанин го пронајде паричникот да ме исконтактира во порака или на телефон: 075460704.

Се надевам дека има камери и дека функционираат. Свекрва ми била облечена во виолетова јакна, а паричникот бил ставен во црна платнена торбичка. Секој совет е добредојден. Јавување во полиција не е некоја опција бидејќи лани кога на татко ми му го украдоа паричникот во ЈСП и покрај сите документи кои ни ги побараа, ништо не се направи и човекот си остана без две пензии. Ви благодарам на сите.

Вчера сепак имало среќен крај и напиша:

Сè уште постојат чесни и добри луѓе. Еден од нив е Hristo Hristov кој го пронашол паричникот на свекрва ми и го однел во Стопанска Банка. Од срце Ви благодарам за Вашата добрина, како и на продавачката во бутик Бела во ТЦ Буњаковец која го известила Христо.

Благодарност и до KAM MARKET кои направија сè во нивна надлежност. Паричникот и’ бил украден непосредно откако излегла од маркетот. Свекрва ми има 82 години и иако е витална, не почувствувала кога и бил украден.

Крадецот земал 1000 денари во кеш (толку имала), пробал да извади пари од банкомат, но за среќа картичката ја блокиравме уште веднаш бидејќи свекрва ми ми се јави во рок од 5 минути.

Забележала дека нема паричник кога сакала да се качи во автобус. За среќа, крадецот не можел ништо да земе освен тие 1000 денари, па го фрлил паричникот. Уште еднаш голема благодарност до Христо и до сите кои дадовте совети и помогнавте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.