Дечињата се најслаткиот подарок до Бога, нешто најчисто и најмили душички, кој ни го разубавуваат животот и се наша гордост.
Тие треба да имаат безгрижно детство исполнето со многу игри, забава и пред се смеа, но за жал некој деца ја немаат таа среќа.
Има такви што уште од мали нози ќе ја научат и лошата страна на животот и ќе се соочат со многу предизвици и ќе искусат многу.
За жал таква е судбината и на Ален Бајриќ од Завидовиќ кој бо ледува од карци ном на лимфните жлезди а исто така има пролбем и со бубрезите.
Екипата на ,,Помогни.ба” го посети овој мал херој а тој ги дочека на улицата со констатација дека тоа му е прв пат да излегува надвор после одредено време.
Бидејќи било доста ладно и се пла ши да не настине. Ова паметно момче живее во многу тешки материјали услови, а неговата иднина за жал неизвесна.
Пред се неизвесна поради неговот здравје но и условите во кои што живее кој не се добри ниту за здрав човек а камоли за бо лен.
– Јас сум трето одделение, сега ми е малку подобор. Лежам дома и се надевам дека наскоро ќе оздравам и тргнам во училиште.
– Веќе долго време се соочуваме со овој не пријател на Ален, отидовме во Турција, каде со помош на хуманите граѓани му се извршија неколку зафати.
– Се надеваме дека ќе се подобри ситуацијата. Тешко живееме, јас сум на бирото, имам две деца и живеам во згрижувачка куќа, вели мајката Бехија.
– Нема ниту работа, јас и сопругот кога ќе не викнат одиме негде и работиме за да донесеме парче леб на децата, едното дете е прво другото трето одделение.
– Овде сум со мајка ми, куќата е полна со влага, јас не смеам да бидам на влага и прашина, вели ова мало скромно момче.