Верица Белчовска е девојчето кое го напушти овој свет, но спаси три млади човечки животи со донација на своите органи.
Нејзиното срце заврше кај Илче Стрезоски, а едниот бубрег кај Блаже Сапунџиев.
27 годишниот Блаже Сапунџиев деновиве ќе ја напушти хирургија и ќе се врати во родното Кавадарци со здрав бубрег. За ова младо момче завршува периодот со одење на дијализа откако доби орган од Верица Белчовска.
-Премногу млад живот згасна, голема та га за фамилијата. Уште не сме се запознал. Но немам зборови со кои може да е опише тоа што го направи ова семејство, вели Блаже Сапунџиев од Кавадарци.
Дента на 16ти април кога му се јавиле од Нефрологија дека можеби е потенцијален кандидат за трансплантација Блаже од возбуда ги згрешил улиците во родниот град. Во Скопје дошол со татко му и неколку часа чекале да бидат завршени сите анализи.
Но ова момче од рана детска возраст се соочило со откажување на работата на бубрезите и 4 години бил на домашна дијализа за која биле обучени неговите родители.
-Ова е втор пат како добиваш бубрег. Кога прв пат седна на операционен стол?
-Во 2002 година ми беше направена трансплантација во Солун. Добив бубрег од мојата мајка и 18 години беше добро. После тоа една година пак одев на дијализа и еве сега добив бубрег, вели Сапунџиев.
Блаже вели дека по трансплантација мора да води здрав живот со почитување на сите препораки од лекарите за и бубрегот да има долг век.
Сапунџиев е во соба со Александар кој го доби вториот орган од Белчовска. Кај него трансплантацијата била малку потешка но лекарите велат и тој е во добра состојба.
-Кај Александар беше помалку вреден со аномалија со 3 атрерии. Тоа беше предизвик и за нас и за прв пат го направивме тоа и е успешно и тој е добар, вели др. Сашо Дохчев, директор на Урологија и шев на тимот за трансплантација.
Тимот за трансплантација на Урологија што го предводи доктор Дохчев и во услови на пандемија кога нивната клиника е една од ковид центрите, спасија двајца пациенти од дијализа со органи од кадавер.
-Сегде има дефицит на органи. Мора да ја подигнеме свеста, еден пресаден орган значи живот. Негде околу 80 тина се на листата за кадаверична трансплатација, вели др. Дохчев.
-Блаже и Александар ги оставаме до добро здравје со желба за здрав живот и што подалеку од центрите за дијализа.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител Тв.