Адријана Алачки најави кривина пријава: Верувам дека сторителите ке бидат откриени

  • By admin
  • април 18, 2021
  • 0
  • 15961 Views

Важеше за позната македонска пејачка, но сега најмногу ја препознаваат како водителка, тоа е Адријана Алачки која со години наназад остана да биде добро препознатлив лик пред тв камерите.

Адријана Алачка од пејачка, се префрли во водителството и продолжи како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата во кое е очигледно дека ужива.

Освен како успешна пејачка и автор на емисијарта „Вкусот на традицијата“, Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.

На прватен план Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

Пред некој ден таа на својот профил на фејсбук сподели пост кој привлече големо внимание кај нејзините фанови, а во истиот Алачки вели:

-Почитувани, Ве известувам дека непознати сторители превземале фотографии од мојот ФБ профил и ги спојувале со туѓи рецепти и истите ги објавувале од мое име.

Проблемот е пријавен на ФБ, Инстаграм и Твитер. Верувам дека сторителите ке бидат откриени и против истите ќе биде поднесена кривична пријава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.