Валентина и Кристина се првите сијамски близначки во регионот, поминаа низ комплициран, повеќемесечен зафат на разделување. А сега и покрај малите шанси и двајцата да преживеат, го чекаат четвртиот роденден.
Зафатот за разделување траела вкупно 15 часа, па близнаците сега уживаат дома со родителите и постарите брат и сестра.
„ Навистина пораснаа. Зрели се, навистина се одлични. Поминавме низ многу проверки, имавме и период кога Валентина поради здравствени причини имаше сто ма“, се сеќава Марија Тамболаш, мајката на Валентина и Кристина.
Овие девојчиња се родени два месеци пред датумот на породување и биле споени заедно со црниот дроб, цревата и долниот дел од градите, а шансите за двете да преживеат биле мали. Денес тие секогаш се штитат еден со друг.
„Тие се однесуваат заштитнички, кога бато и дада ќе се пресметаат со едната, автоматски другата сестра доаѓа да ја брани и заштити и вика: „Остави ја сестра ми! Не ја допирај, таа е моја“, вели Марија.
Некои ситуации семејството не сака ни да ги памети, а после безброј непроспиени ноќи мајката кажува само едно: Тој еден дел изгледа остана таму, не се сеќаваме.
Ова чувство сега, кога се дома и кога им е добро – вредеше! Вредеше сите тие бо лки, сите тие солзи, напори, непроспиени ноќи, осуммесечни патувања со воз до Загреб…“, набројува Марија.
На Валентина и беше отстранета сто мата по една година и неодамна беше отпуштена дома. Дека некогаш биле сијамски близнаци откриваат само лузните на нивниот стомак.
„За нив е сосема нормално, ги учам дека тоа е нешто што им го спасило животот и дека не е нешто од што треба да се сра мат“, вели мајката за ,,Јутарни.хр”
Разиграни се и весели и растат во големо семејство, а иако на многумина им е тешко да одредат која е Кристина, а која Валентина, нивните роднини лесно можат да ги разликуваат.
“Тие се разликуваат по главите, една има долгнавеста, а друга тркалезна. Во однос на гласот, Кика има гру б глас, а Тина е малку понежна од онаа на Кика”, објаснуваат постарите брат и сестра на Тина и Кика.
На прегледи и контроли меѓусебно се охрабруваат. Заедно се родени со тежина од 3.600 грама, а сега се крупни девојки кои споделуваат се, особено приказната која ги направи вистинско чу до.