Љубовна романса на Македонците Симона и Никола во Германија: Бошко и нашол работа, па сега и ќе ги венча

  • By admin
  • април 1, 2021
  • 0
  • 1131 Views

Симона Ристовска од Скопје и Никола Соколовски од Пробиштип викендов ќе стапат во брак. Нивната љубовна приказна ќе се овековечи во Македонија, а започнала во Германија благодарение на заеднички посредник за вработување.

Желбата за подобар живот ги одвела сосема случајно кај делчевецот Бошко Васев кој повеќе од три децении е врската на Македонците во Германија.

„Случајно не запозна Бошко преку кој пред две ипол години дојдов во Германија. Лично многу ми помогна и случајно тој не запознат со Симона. На некој начин тој не спои, натаму беше се помеѓу нас“, изјави Никола.

Заедничките службени, но и приватни контакти ги зближиле тројцата Македонци во Германија, па она што почнало како посредништво за работа сега се претвара во кумство.

„Сега и го поканивме за кум затоа што и тој всушност е причината како се запознавме. Да не беше тој ние немаше да се запознаеме. Така да сега сакаме да правиме регистрација, тој е од Пробиштип јас сум од Скопје, а регистрацијата ќе биде во Пробиштип“, вели Симона

Господинот Бошко Васев досега посредувал за вработување на илјадници луѓе од Балканот во Германија, а многу од тие контакти завршувале и со брак.

„Овие прекрасни луѓе ме имат побарано мене како и многу други. Еве се случи тие сега добро да функционираат и се практичен пример, а има и многу друг слични примери“, изјави Бошко.

Никола и Симона во Германија веќе една година живеат заедно и го живеат сонот на многу млади одовде кои го планираат истото.

„Германија е убава држава за живеење, за фамилијарен живот, имаш нормални услови за живеење за деца за иднина“, изјави Никола.

„Презадоволна сум како да ви кажама, навистина се работи, но и она кое се заработува на некој начи е доволно да си дозволиш многу повеќе отколку во Македонија“, вели Симона.

Па така тие иако за Германија поединечно сами заминале, по подобар живот, патиштата ги споиле и сега се смејство, пренесува Телевизија Стар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.