Јордан Митев со совет како да заборавете на валканиот свет околу вас

  • By admin
  • март 23, 2021
  • 0
  • 1336 Views

Без сомнеж, Јордан Митев важи за еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика.

Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село,а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор. Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.

Како и сите други пејачи и музичари, така и Јордан Митев е без работа и ангажмани. Тој често не говори во јавноста, а минатата година за актуелната ситуација во една прилика кажа.

„Срамота и нехумано е вистински естраден уметник да бара 14.500 денари помош од државата! Тој што работел добро и домаќински во нашата каква – таква професионална естрада ќе може да ја преживее оваа кр иза, тој што не работел добро и домаќински и пред корона кри зата бил во кр иза и по вирусот пак ќе биде.

Таквите естрадни уметници кои што преживуваат и кои што чекаат од државата 14.500денари можеби попаметно е да си фатат постабилна и сигурна работа, а естрадата да ја остават на оние кои што можат добро да пливаат во тие води. Така ќе ни се зголеми и квалитетот и цената“ – вели познатиот пејач и додава:

„Секој пејач што држи до себе, што вреди, не му е дојдено до 14.500 денари. Ако им дошло до овие пари, навистина нека се вработат на друго место. Нека не се декларираат како естрадни уметници.

Ги разбирам оние музичари што зависат само од свадбите, ним треба да им се помогне. Но, естраден уметник е нешто друго, повисока категорија и таа треба да биде заслужена и оправдана“ – додава пејачот.

Јордан Митев е активен на социјалните мрежи каде секојдневно по нешто постира на своите профили, а така беше и утрово на својата офоцијална страна каде што сподели видео како ја пее песната „Кажи ми кажи Наде вистината“ и притоа напиша:

Добро утро на сите добри луѓе.Пуштете си добра македонска музика и заборавете на валканиот свет околу вас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.