Јордан Митев: Многу денови и ноќи поминати, многу утра и изгрејсонца дочекани – несебично даваше се од себе за да стигнам таму каде што сум

  • By admin
  • мај 26, 2022
  • 0
  • 426 Views

Јордан Митев без сомнение е еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува кој е родум е од радовишко, потекнува и живее во Подареш.

Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Во брак е со Славица Митровска, Македонка родена во Австралија, тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес.

– Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде. Во Австралија одиме прилично ретко, рече Јордан па потоа се пошегува:

– Ваков човек како мене, лесно е да освои. Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

Несомнено е дека Јордан Митев би бил број еден избор при развеселувањето на македонските свадби, крштевки, родендени и други свечености. Со него забавата секогаш е загарантирана.

Тој се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели фотографија со порака во која се вели:

Итака втор ден во студио, жедтта за да се направи добра и оригинална песна и по 17 години поминати во оваа студио “Анастасија” не се угасува.

Многу денови и ноќи поминати, многу утра и изгрејсонца дочекани, а моментот кога излегувам од студио со веќе нова песна и ја слушам најмалку 100 пати до дома, е тогаш како повторно да се раѓам.

А за овој едноставен и голем човек, а уште поголем музичар и продуцент, што да кажам, тој е човекот кој освен мојата фамилија е со мене сите овие години и несебично даваше се од себе за да стигнам таму каде што сум. Ти Благодарам Љубе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.