Јордан Митев: Во Скопје изгледа нема интерес за македонска музика, повеќе поминува жена од султана

  • By admin
  • декември 6, 2021
  • 0
  • 959 Views

За Јордан Митев важи за еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика.

Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село,а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.

Јордна Митев на својот профил на фејсбук го најави својот настап за викендов во Берово, а во коментар на објавата беше прашан од еден фан кога во Скопје на што одговори:

Васе, во Скопје кога ќе бидам поканет. Изгледа нема интерес за македонска музика, повеќе поминува жена од султана и све остало

На ова тој од фановите доби нова реплика, на која не остана должен и одговори:

Тоа е, да дојдам јас или било кој од тие што нешто правиме на македонски 200 денари е скапо за влез, а за брачедите од надвор колку треба се плаќа, дури и нема место.

Се додека немаме чувство за свое, не очекувајте напредок во оваа земја, во било која работа, вклучувајќи ја и музиката/културата, која претставуваат на некој начин дел од личната карта на еден на народ.

Не знам вие дали тоа го гледате, но ние сме културолошки окуирани. Пуштете утре радио и пребројте каде ќе чуете песна на македонски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.