Јанко Илковски или познат како Јанко Јади Бурек се огласи на својот профил на фејсбук каде што се осврна на својот колега Жарко Димитровски или Жаре Еден на Еден.
Ова видео е снимено пред повеќе години, некаде 2015, отприлика, кога Жаре, по обичај стално се селеше од ТВ на ТВ, како и јас исто, па имаше кр иза во гледаноста, а требаше да се покаже и повика јавност да го гледаат на Телма… и така, гостуваше кај мене да помогнеме “малку” во промоција.
Само не се согласив да рекламира производи на Алкалоид во мојата емисија при неговото гостување.
Неколку месеци подоцна, дојде со екипа кај мене во студио заедно со актерот кој го глумеше Спасе, да направиме забавен скеч за околу Нова Година за неговата емисија.
Спасе стоеше на неколку метри од мене, со микрофон и очигледно направивме не само смешен туку и уверлив клип за кој и до ден денес повеќемината веруваат дека навистина во живо ми се јавил, што е невистина (иако Жар му одговара да го крие тоа)
Клипов е еден од најгледаните кај нас.
Ете по многу години повторно Жер у кри за и не вади мене и Спасе да добие малку акција на ФБ и добива. Повеќето од коментарите се зл обни, про стачки, омал оважувачки, на вредувачки спрема мене по секој основ.
Учено сум куче да јадам стап и си трпам кога има причина. Ова Жаре намерно си про воцира и суптилен б улинг спрема мене, за да добие популарност но и симаптии кај газдите. Зошто?
Кога Жаре гостуваше кај мене, тоа нема да ви го покаже, јавно ме покани да гостувам кај него во емисија на Телма. Му реков дека нема да му дозволат.
Се обложивме во 100 денари. После година се покажа дека го изгуби облогот и немaше образ да си го плати кафето или да си исплати симболично заради себе.
Нејсе. Жаре ги прекина сите контакти и едноставно си се зафати со во оро со власта кое, секоја чест, и тоа како му се исплатеше. маестрално ги одра со продукцијата (која се појави на протестите против бугарскиот предлог , па вие изведете заклучоци)
Да широка е, ама само заради себе, да си запишам да си памтам, да не помислам еден дела да не сум халуцинирал. Никому не сум лут, ниту замерам, едноставно себе ради нека си стои.
Моето писание нема да му нашкоди ни во приходите од власта како досега, а ни продукцијата за услугите кон опозицијата. Се тоа мрсно се наплатува и тоа е ок, тоа е бизнис.
Поздрав до хејт ерите со нивните коментари и сите оние наивни кои веруваа и веруваат дека Спасе ми се јавил а јас дрс ко сум го исклучил па ми се зака нуваат. Мајка да ве жали, греота сте.
Или заслужувам барем Златна Буба Мара, мада и таму никој не смее да ме спомне