Гоце, шофер на Брза помош спаси многу човечки животи, сега нему му сме потребни сите ние

  • By admin
  • март 21, 2021
  • 0
  • 5677 Views

Ситуацијата со вирусот во Македонија не е добра, а од ден во ден бројките одат во нагорна линија, болниците со забрзано темпо се полнат.

Божидар Божиновски на својот профил на фејсбук пред неполн час објави статус во кој повикува за помош, а во истиот се вели:

ВАЖНО! Почитувани хумани луѓе од цела Македонија, за жал ви се обраќам од името на една предобра и вредна жена која ете ја допре и тоа како тешко ја погоди оваа ситуација со кор она вирус.

Буквално цело семејство заболија од истиот. Од најмали до најголеми. 12 годишниот Филип во клининиката Козле после долго боледување сега е подобар, фала на Господ и е дома.

Но, неговиот татко Гоце сеуште се бори. Сместен е долг период во болница Систина, состојбата сеуште е многу лоша и се бори на респиратори.

Поради тоа што не е во стабилна состојба не може да се премести на клиника. Еден ден ги чини 1700евра, а сега и со нова терапија која чини 500евра на ден семејството влезе во многу тешка здравствена состојба, но за жал и тешка финансиска ситуација.

Гоце во целава ковид пандемија иташе храбро и брзо за да спаси човечки живот како шофер на Брза Помош во Прилеп. Тоа е човек кој со своите 43 години е и пож ртвуван родител, но и човек кој си ја сака Македонија во сите нејзини убавини.

Ајде хумани луѓе да помогнеме сите да бидат и понатаму заедно и среќно семејство. Наредните денови ќе бидат отворени и телефонски линии за донации.

Но затоа што секој денар им е и тоа како значаен ви ја пишувам жиро сметката на Daniela Ilieska неговата сопруга каде секој добронамерен човек ќе може да донира во рамките на своите можности.

Ж- ска Стопанска Банка Скопје 200003328588457 Даниела Илеска Прилеп.

Гоце, Даниела, Филип и Сара ќе ви бидат од срце благодарни на вашата хуманост и човечност во борбата за нивниот татко и сопруг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.