Чичко Киро од Штип е еден од последните мајстори на занаетот од кој вади за леб

  • By klaster2
  • јуни 15, 2022
  • 0
  • 362 Views

Од соодветно дрво и негова преработка до одлични производи кои се најдуваат во нашите домови. Занает кој полега исчезнува.

Чичко Киро од Штип пред камерите на М-нет телевизија вели дека треба многу трпение и посветеност да се изработи некој поризвод од дрво или поточно лажица.

Но секако треба и голема љубов кон тоа што се работи. Најдобро дрво за изработка на овие производи е дабот и буката, секако и поради тоа што тие се достапни во околината.

– Претежно изработувам производи од даб и бука, тие се достапни во околината, но кога би имало шимшир тоа е најубаво, вели Киро.

– За да се изработи една дрвена лажица потребно е некаде околу половина час работа. Дрвата треба да се оформат, односно да се истенчат.

Киро Николовски и на 88 годишна возраст умешно изработува вакви предмети и е доста активен. Со ова се занимава повеќе од 20 години.

Имал голема желба да се научи на овој занает. А младите немаат пак никаква желба да научат да се занимаваат со вакви изработки и затоа нема кој да го наследи.

– Кој сака и има желба може да се научи, не е тешко. Колку и да им нудиш на младите тие одбиваат да се занимаваат со ова.

– Кога ја работите оваа работа треба да бидете смирени и релаксирани, да го работите тоа со љубов, за жал нема кој да ме наследи.

– Претходно јас се работев над 20 години во каменолом, таа е прецизна работа, па од таму и навиката ми прерасна за овие предмети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.