Сашко Нојкиќ или попознат за јавноста како Цаки Кисми секогаш знае да направи забава за мерак. Освен со настапи во Македонија, тој во последно време е се поприсутен и во соседна Бугарија.
Без сомнение Цаки Кисми важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи забава по сечиј мерак.
Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекрарот кралот на кафеаните.
Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми со години е присутен на македонската музичка сцена и зад себе има богата кариера, а и многу хитови.
Секоја песна на групата Кисми уште со првото пуштање во јавност станува хит.
Кисми навистина имаат добро чувство кога станува збор за одбирање хит и секогаш им успева.Освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.
По паузата поради актуелните мерки Цаки Кисми како и колегите се врати на своите ангажмани кои во периодот ги има во изобилство.
Тој цело време е активен на социјалните мрежи каде преку својот профил на фејсбук споделува новости.
Во последно време Цаки Кисми поради настапите се повеќе е надвор од дома, а деновиве кога се врати во Македонија го дочека и една не убава вест за која самиот се огласи:
После 12 години сабајлево ме напушти моето најмило, најмирно и најпаметно куќе и мојот најверен другар Бак.