Хаџи не се капел 67 години, јаде што ќе најде по патот, а пие вода од барата на улицата: Докторите велат дека е потполно здрав

  • By klaster2
  • јануари 23, 2022
  • 0
  • 686 Views

Еден 87-годишен старец кој не се капел 67 години и преживува јадејќи се што најде на патот ги збу нил и научниците кои потврдуваат дека е во добра здравствена состојба.

Аму Хаџи тврди дека не се капел со децении бидејќи верувал дека тоа ќе му донесе ло ша среќа и на крајот ло шо ќе се одрази врз него.

Вели дека неговата исхрана се состои главно од остатоци на животни или други работи што ги наоѓа по патот, а вода пие директно од баричките на улица.

,,Дејли Стар” вели дека неговиот необичен животен избор го отежнувал стекнувањето пријатели или пронаоѓањето девојка.

А една од неговите омилени активности е „пуш ење луле исполнето со животинско ѓуб риво“. Но, тој ги импресионираше истражувачите кои велат дека е совршено здрав.

Селаните во Иран биле толку импресионирани од неговата посветеност на неговиот неконвенционален начин на живот што му изградиле мала колиба како алтернатива на неговата вообичаена дупка во земјата.

Лекарите кои ja посетиле колибата во селото Деига во Иран направиле неколку тестови и рекле дека и покрај неговиот начин на живот, Јаџи е изненадувачки здрав и без сериозни болести или ба ктерии.

Експертите биле заинтересирани да откријат различни видови на форми на живот, вклучително и па разити, кои можеле да се најдат на неговото тело, но успеале да потврдат дека тој нема никакви боле сти или пар азити и покрај нехигиената.

Професорот д-р Голамреза Молави направил тестови и се сомнева дека Xаџи останал здрав поради развојот на исклучително силен имунолошки систем.

Дури и со неговата наклонетост кон сирова храна што ја наоѓа на патот и со одбивањето да ја стерилизира водата што ја пие, Хаџи створил имунитет.

Овој 87- годишник исто така бил во тек со актуелните настани и разговарал за настани како што се сите важни историски случувања како и политички.

Новостекнатата слава на бездомниот пензионер му го отежна животот, вели тој, бидејќи иако соседите го почитуваат, повремено се појавуваат луѓе кои го исмеваат и фрлаат со камења по него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.