(ФОТО) Хелена Роза помеѓу политичката елита во Нов Зеланд

  • By admin
  • јули 27, 2022
  • 0
  • 448 Views

Како што е познато, Хелена Роза, поранешната ТВ водителка пред неколку години одлучи со сопругот и ќерката Кјара да се пресели во Нов Зеланд.

Освен Кјара, со сопругот Игор го имаат и синот Тијан. Игор е поранешен фудбалер, но сега и двајцата работат други професии.

Хелена е 11 години постара од Игор, но годините воопшто не биле пречка за развојот на нивната врска. Во едно интервју Хелена спомна дека на почетокот сите мислеле дека нема да успеат, но тие го докажаа спротивното.

– На почетокот на нашата врска, сите мислеа дека Игор е некој богат фраер, син на градоначалник во Дојран, неговиот роден град. Многу се смеевме на тие трачеви, зошто тој беше голман, а јас кога го запознав работеше како келнер, вели Хелена.

– Скопје го оставив и го најдов непроменето. Знаете кога живеете надвор од Македонија, се чуд ите како воопшто сте функционирале овде. Во Нов Зеланд немам никаков стр ес, луѓето се насмеани, пријателски расположени и љубезни, вели Хелена.

Таа повеќе од 20 години беше дел од македонскиот шоу биз, оставајки зад неа безброј Тв проекти, фотосесии и рекламни кампањи. Вели дека да бидеш јавна личност во Македонија е тешко, односно повеќе губиш него што добиваш.

-Кога со моето работно СВ, барав работа во Окленд, сите ме гледаа зачудено, како во стилот што бараш ти тука. Не можеа да разберат зашто сум ја оставила родната земја, но ете јас и сопругот Игор така решивме и не се каеме.

Неодамна Хелена на социјалните мрежи сподели спомен фотографија од далечната 2015та година кога заминале во Нов Зеланд и напиша: На овој ден пред 7 години пристигнавме во Нов Зеланд.

Со само два куфери, туристичка виза и одлучност да останеме. Се е возможно кога имате сон и вистинска личност покрај вас, стои во објавата на Хелена Роза.

Роза е доста активна и на социјалните мрежи и се залага за Македонците во Нов Зеланд, а во таа насока објави:

Мината недела на мое големо задоволство бев поканета лицно од Давид Сеjмоур лидерот на АЦТ – единствената либертаријанска партија во свет која веќе 25 год по ред е дел од парламентот во Нов Зеланд.

По тој повод АЦТ организирашее Гала Вечера на која присуствуваа околу 80 одбрани луѓе,мегу кои и јас. Настанот се одржа во официјалната зграда на Парламентот во Веллингтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.