(ФОТО) Тато Максим Димитриевски со честитки за синот кој е чиста копија на него

  • By klaster3
  • август 25, 2022
  • 0
  • 403 Views

Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски често знае да привлече внимание во јавноста поради своите потези и ставови.

Успеа да добие втор мандат како градоначалник на Куманово, овојпат како независен кандидат што на некој начин е потврда дека граѓаните го сакаат.

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово, функција на која што е и понатаму.

Тој освен што е успешен во својата кариера, исто така е и семеен човек, сопруг и татко на три деца – Милан, Вероника и Димитар.

Во едно неодамнешно интервју Максим зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката.

– Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.

Првично, најпотребна е поддршката од брачниот партнер, а потоа и од семејството, кажа Максим во една прилика.

Градоначалникот Максим секојдневно е активен на социјалните мрежи каде ги споделува завршените и планираните проекти во Куманово, но и по некој момент од приватниот живот.

Пред извесно време сподели со пријателите на Фејсбук дека со сопругата Надица прославуваат долги години заеднички живот.

„Дваесет и две години брак, исто толку љубов, взаемна почит и семејство кое е инспирација за нови животни предизв ици“.

Често ги користи социјалните мрежи за да упати честитки до неговите деца по одреден повод, па така и овојпат, Димитриевски објави фотографија од најстариот син и напиша:

„Времето лета, вие растете и созревате… – Среќен роденден Милан!“, му честита роденден на својот син.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.