(ФОТО) Се слави во семејството на Јанко Јади бурек – причина неговата ќерка, пристигаат честитки

  • By admin
  • октомври 20, 2022
  • 0
  • 370 Views

Се чини нема човек во Македонија кој барем еднаш не слушнал за Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител.

Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.

Тој често знае да сподели и по некој момент од приватниот живот, а така беше и овојпат на својот фејсбук профил:

Драги пријатели, од денес, 20 октомври, Сара, ќерка на Лидија и Јанко, сестра на Максим и Виктор, од денес е полнолетна, има право да гласа, вози кола, пие алк охол … Среќен 18 роденден. Како што е пишано – “Ти треба да растеш, а јас да се смалувам”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.