(ФОТО) Се врати насмевката на лицето кај Мишко од кочанско – Бате Аце повторно на сцена

  • By admin
  • јуни 14, 2022
  • 0
  • 374 Views

Сторијата за Мишко Тасев од кочанско Мородвис кој живее осамен и сиромашен живот го привлече вниманието на пошироката македонска јавност.

Како што кажа се храни со леб постар повеќе од една недела, но некогаш останува и без него. Ако има нешто ќе намачка на леб а тие денови за него се луксуз.

Овој 29- годишен човек уште како дете бил исмејуван и оттурнуват од околината. Животот го минал воопшто.

Мишко е човек со попреченост и не е способен да работи секаква работа. Тој исто така е во не поволна финансиска состојба, претходната зима ја минал во мрак.

– Живеам без струја и без дрва, имам браќа и сестри, но тие си ја гледаат нивната работа и живот. Јас немам никаков приход.

Големиот хуманитарец од Штип, Александар Горгиевски кој во јавноста е познат како Бате Аце денес го посети Мишко и во оваа приликата кажа:

Ветено – Остварено. Мишко Тасев од село Мородвис Кочанско како што најавив и ветив денес го посетив и му обезбедив храна хигиенски сретства пијалоци и се што му е потребно да живее безгрижно најмалку два месеци.

Морам да потенцирам дека преку мојот драг пријател од Кавадарци Борче Стаменов Донирај Компјутер – Борче Стаменов му обезбедив и компјутер и истиот му е доставен на Мишко

Струјата која беше исклучена веќе е минато Мишко , има струја во неговиот скромен дом може да живее достоинствено и безгрижно.

Сакам јавно да се заблагодарам на сите што се вклучија и помогнаа да експресно му помогнеме на ова скромно момче се надевам придонесовме малку од малку животот да му го олесниме “подај рака спаси живот” Александар Горгиевски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.