(ФОТО) Ретко видена фотка од Лозано со хармоника како дете – датира од далечната 2001 година

  • By admin
  • мај 26, 2022
  • 0
  • 238 Views

Влатко Лозаноски или скратено Лозано е еден од најквалитетните музичари на македонската сцена а воедно и еден од најбараните.

Лозано е македонски пејач роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија.

Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуни истата година настапи на фестивалот Пјесма Медитерана во Будва, Црна Гора.

Во јули, пак, настапи на фестивалот Славианск Базар во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I’m your angel настапи на фестивалот Голден Вингс во Молдавија, каде го освоија второто место.

Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

– Секако песната ,,Километри” одбележа еден голем момент во мојата кариера и беше едно скалило погоре, изјави Лозано во едно интервју неодамна и додаде:

– Како дете бев динамичен, не се прибирав дома по цел ден, такви беа тие времиња. Бев по спортот доста долго, но сепак не го избрав.

– Музиката ми беше на прво место, а фудабалот хоби. Уште од мали нозе бев по играорните друштва и свирењето, додава Лозаноски.

– Евровизија за мене е најголем чин, големо достигнување, но воопшто не е лесно да заминеш и да настапиш таму, треба многу винмавање.

Лозано денес на својот профил сподели една фотографија од веќе далечната 2001 година кога имал 16 години, а на која позира со хармоника.

Во негово друштво е уште еден познат пејач денес, а тоа е Димитар Андоновски кој свири на Виолина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.