Добро познато е дека Марјан Коцев е еден од најпознатите наши фолк-пејачи, кој пред пандемијата беше еден од најбараните и кај нас и во дијаспората.
Коцев летово проослави јубилеј, десет години брак со својата Билјана, со која има ќерка и син.
На Фејсбук, тој ги споделува убавите моменти со семејството, но знае да се пофали и со некоја слика од сала за вежбање и да порача: Вложувајте во себе.
Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните без кои не може да се замисли ниту една семејна прослава.
Македонскиот пејач на фолк музика Марјан Коцев е еден од најуспешните и најпопуларните машки пејачи во земјава.
Зад себе има многу хитови, настапи и концерти во Македонија, но и во дијаспората.
Мајран е скоро 11 години во брак со сопругата Билјана. Се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.
-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека.
Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.
Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор се се решава, изјави пејачот во едно неодамнешно интервју.
Очигледно пандемијата со коронавирусот нема намера уште долго да си оди, а најпогодени од неа беа и се уште се музичарите.
Како што знаете, настапи речиси да нема, па многумина од нив наоѓаат други начини за егзистенција. Еден од нив е и познатиот фолк-пејач Марјан Коцев.
Тој на своите социјални мрежи сподели фотографија на која може да се види дека успеал да си најде моментално друга работа.
Имено, Коцев сподели фотка на која може да се види дека заедно со уште неколкумина пријатели збираат грозје, а од изразот на неговото лице јасно се гледа дека тој ужива во новата професија
Коцев не мирува, па повторно се огласи со нова фотка, овојпат од Франкфурт, Германија и напиша:
-Малку да одморам од грозје берење… на кафе со внуката Мартина… после 9 години.