(ФОТО) Нов лапсус: Македонија замина на ЕП а небаре чиниш тоа е Хрватска

  • By admin
  • јуни 8, 2021
  • 0
  • 3066 Views

Фудбалската репрезентацијата на Македонија ги одработи подготовките пред историскиот деби-настап на Европското првенство.

Денес, дојде време за националниот табор да се упати кон Букурешт, каде што в недела се игра првиот натпревар против селекцијата на Австрија. Со посебен дрес-код, Македонија со стил отпатува на Европското првенство, максимално почитувајќи го овој историски настан.

Веќе речиси две седмици македонските фудбалери тренираа во главниот град на земјава, а сега комплетни отпатуваа за Романија. Игор Ангеловски на располагање ги има сите 26 репрезентативци кои ги одбра, откако викендов во тимот се врати и Енис Барди кој беше позитивен на ковид-19.

По направени тестови на ковид-19, резултатите се негативни на сите членови на експедицијата, што може само да радува пред големиот настан.

Фудбалската репрезентација на Македонија се упати кон Букурешт, каде што ќе ги доработи последните тренинзи и ќе го има првиот настап на едно големо натпреварување.

Поради „тежината“ на Европското првенство, сите очи на јавноста се вперени кон репрезентативниот табор, а Игор Ангеловски со сите расположливи сили отпатува кон Романија.

Селекцијата ќе биде во еден вид „балон“, па поради тоа пред патувањето покрај фотографирањето на целосната делегација, на играчите им се обрати и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Македонија ќе дебитира на големиот собир в недела, а прв ривал ќе биде Австрија.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев пред извесен период се пожали дека не му било дозволено да ги испрати фудбалерите пред заминување на ЕП.

Сепак тоа се случи денес, на самиот аеродром пред да полетаат

-Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини упатуваат искрена благодарност до Владата на Република С. Македонија и Премиерот, Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт, објавија од ФФМ

Македонската фудбалска експедиција како и што беше претходно најавено, утрово од скопскиот аеродром одлета за Романија, поточно за Букурешт каде ќе ги игра воведните два дуели од ЕП.

Нашиот национален тим беше испратен скромно и без некоја помпезност пред се поради почитување на протоколите од корона вирусот.

Од хотелот во Скопје кој беше база нашите фудбалери, поточно автобусот на нашиот национален тим беше испратен со истурање на кофа вода што е традиционално за нашиот народ кога се тргнува негде на пат.

Од објавените фотки на ФФМ од аеродромот каде што беа испратени нашите фудбалери и од премиерот Зоран Заев се гледа дека нашиот тим замина со чартер лет на хрватската национална авио компанија – „Кроација ерлајнс“ а на авионот стоеше „Браво Ватрени“ што е слоган на хрватската фудбалска селекција.

Ова може и да се смета како мал пропуст, но дај боже и ние да направиме успех како „коцкестите“ којзнае ова може ќе ни биде и зар.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.