Македонската, па и балканска фамилија без зимница е незамисливо. А кога станува збор за зимница веруваме ќе се согласите прв синоним е ајварот.
Зимницата е толку топол и убав збор. Кога одиме по улица и ни замириса на пиперка, сè автоматски запира, повеќе не ве не рвира сообраќајот, гужвите или бучавата.
Ајварот е еден од главните актери кога ја подготвуваме зимницата. Некој сака пикантен, некој благ, некој сака да дискутира што е вистински ајвар и тврди дека пинџур не е ајвар.
Сепак, не зборуваме многу за тоа дали ајварот дебелее. Затоа решивме да ја истражиме оваа тема, па да знаете дали оваа зимска „поволност“ е добар избор доколку сакате да осл абете.
Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, зашто само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот.
Тој е редовен и постојан дел од зимницата зашто најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.
Со оглед на тоа што влеговме во месец септември, полека но сигурно наближува периодот кога на големо ќе започне да се прави ајварот.
Но според последните најави тоа нема да биде во такви големи количини и за ж ал не секој ќе може да си го дозволи.
Причините веќе се добро позната, пред се големото поскапување, особено во преден план тука е маслото за јадење, дрвата за огрев, но и самата пиперка ајварка.
Но како велат, кога се сака, се се може, па така доколку некој навистина е решен да си направи ајвар ќе пронајде начин како.
За тоа пример е Нинослав Поповќи кој на фејсбук сподели како започнал да собира пари за ајвар годинава.
Имено тој си направил тегличка на која напишал Пари за Ајвар, а во нејзе веќе собрал некое евро.