(ФОТО) Наум Петрески не ја криеше среќата додека стоеше до неговата колешка – многумина би му позавиделе

  • By klaster3
  • октомври 2, 2022
  • 0
  • 392 Views

Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспората кај нашиниците.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и се уште снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

– Сум размислувал со што би се занимавал доколку не би бил музичар. Сигурно би бил биолог или истражувач на таа тема.

– Јас сум по биологијата. Исто така јас сум нуркач долги години и сум истражувач имам нуркачка археологија. Па така и тоа ми е омилена област.

Наум викендов имаше настап во една кафеана каде што како гости беа негови колеги – Анета Наковска, Дамјан Стојаноски и други, од каде што споделија заедничка фотографија.

Она што може да се забележи е позитивата на Наум Петрески, односно среќата да е во друштво на убави дами и млад надежен колега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.