(ФОТО) Наум и Зуица беа почесни музички гости во соседството, па решија да одморат во познат комплекс

  • By klaster3
  • август 28, 2022
  • 0
  • 338 Views

Наум Петрески е добро познато име на целокупна македонска јавност, еден од најдобрите македонски фолк пејачи кој на сцената опстојува долги години.

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.

Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.

Годинава, на јубилејното 30то издание на меѓународниот музички фестивал ,,Пирин Фолк” во Сандански, соседна Бугарија, како почесни гости од Македонија во ревијалниот дел настапија фолк-пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова.

Станува збор за настан на кој се пеат народни македонски песни со години наназад и е доста популарен кај нашите музичари, кои во минатото имаат освоено голем број на награди за своите изведби.

– Јас сум била еднаш, токму на оваа авторска вечер како исполнувач и добив награда и баш ми е драго што и после толку долги години сум на ревијалниот дел на фестивалот, многу ми е пријатно и благодарам на организаторите, изјави Зуица.

– Јас сум веќе доста години присутен тука со мојот, за жа л сега не е веќе меѓу нас, пријател, другар и брат Мите Градевец бевме често тука, секоја година скоро и како исполнитЕли и како пријатели на фестивалот.

Иво жири и во ревијален дел и во натпреварувачки дел, така што овој град го чувствувам како мој, изјави Петрески за бугарската Фен Фолк ТВ.

-Овде се слуша сто пати повеќе македонска музика отколку во Македонија. Пирин ечи од македонски песни! Мојата порака до народите во Македонија и во Бугарија, отсекогаш гласи – Да се избркаат од нашите земји сите тие што не милуваат навидум, а ни држат но жеви позади грбовите – изјави Петрески за Фокус.

После музичкиот настап за Наум и Зуица секако следува период за одмор, па така од објавените фотографии на социјалните мрежи се гледа дека се релаксираат и уживаат максимално покрај базен во соседна Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.