Максим Димитриевски е еден од повпечатливите македонски политичар кој е актуелен градоначалник на Општина Куманово од 2017 година и во моментов го извршува својот втор мандат, но за разлика од првиот кога беше од СДСМ, сега е независен.
Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куманово“.
Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија
Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.
Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово, функција на која што е и понатаму.
Во едно неодамшено интервју Максим зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката.
– Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.
Имаме три деца, најстариот син е 21 година, ќерка ми уште малку ќе биде полнолетна 18, а најмалиот син е 14 години. Првично, најпотребна е поддршката од брачниот партнер, а потоа и од семејството, кажа Максим во една прилика.
Неодамна сподели со пријателите на Фејсбук дека со сопругата Надица прославуваат долги години заеднички живот.
„Дваесет и две години брак, исто толку љубов, взаемна почит и семејство кое е инспирација за нови животни предизв ици“.
Овој неделен ден за семејството Димитиревски е посебно убав затоа што Максим сподели дека неговата ќерка Вероника официјално од денес станува полнолетна, па и напиша роденденска порака на Фејсбук.
„Да си ни жива и здрава, секогаш весела и среќна! – Среќен 18ти роденден ВЕРОНИКА! Денеска зачекоруваш во полнолетството, биди вредна и истрајна, праведна и чесна и секогаш горда МАКЕДОНКА!“