(ФОТО) Македонските фолк пејачи на крстарење – покажаа како си поминуваат

  • By klaster3
  • август 15, 2022
  • 0
  • 334 Views

Покрај тоа што летото е сезона за летни одмори, од друга страна е период кога некако најмногу се прават свадби и фамилијарни прослави.

Најчесто е така поради тоа што голем дел од семејствата имаат роднини надвор од земјата, па ги чекаат да дојдат, но и самите можеби доаѓаат од странство во тој период за да прослават.

Македонските естрадни уметници го користат овој период за да договорат колку што е можно повеќе настапи, концерти, свадби за да заработат.

Влатко Миладиноски е еден од најпознатите наши фолк пејачи кој не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.

Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.

Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите.

Освен тоа често знае да се случи на свадбена прослава или некоја слична свеченост да настапува заедно со некој од неговите колеги или колешки.

Во меѓувреме на Фејсбук страницата на Влатко знае да се најде по некоја објава од претходни турнеи или настапи во земјава и странство, па така и овојпат Влатко не пропушти да сподели дел од атмосферата.

Имено, тој заедно со неколку негови колеги – Анета Молика, Стојне Николова, Златко Миладиноски се најдоа на неколку заеднички прослави па по тој повод Миладиноски сподели:

“Крстарење” низ Македонија Радовиш-Дебар-Делчево-Скопје-Тетово-Битола-Велес.“, односно напиша каде се настапувале низ Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.