(ФОТО) Лила Филиповска е права домаќинка – никогаш не и е доста од овој зеленчук

  • By klaster3
  • јули 10, 2022
  • 0
  • 434 Views

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за нјуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Веќе 11 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Еден период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песни.

Не може да почне летната сезона, а Лила да не изрекламира некоја позната или помалку позната, но скапа дестинација за одмор. Заедно со нејзиниот најверен придружник, колегата Спасе, деновиве го започнаа првиот одмор сезонава во Бодрум.

Несомнено е дека многумина би сакале да бидат на нејзино место, но ретко кој не сака да знае дали некој ја части или со свои пари се одмара.

Деновиве, иако времето баш не им се погоди, повторно заминаа со Спасе на море, овојпат во Грција. Публиката и фановите коишто ја следат на социјалните мрежи сигурно се прашуваат кој ја „спонзорира“ на нејзините патувања па таа во една прилика си кажа:

„Еве решив да ви го покажам мојот спонзор. Чест ми е што токму „таа е“….успешна, упорна, професионална, ведра, вистинска лавица и мојот „другар“ и спонзор. Па нека иде живот“.

Лила не ги остава фановите без да сподели некој интересен момент од нејзиниот живот, па така и овојпат сподели слика во дуксер пред приколка полна со лук и напиша: За права домаќинка, лук „никад доста“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.