(ФОТО) Карлеуша дојде пак во Македонија, па ја испофали нашата држава

  • By admin
  • август 13, 2021
  • 0
  • 1402 Views

Како и пред короната, така и сега,во Македонија „надојдоа“ ѕвездите од српската естрада кои ги наполнија дискотеките, рестораните, плоштадите…..секаде каде е дозоволено да се пее.

Без сомнение Јелена Карлеуша важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот а голема популарност ужива и во Македонија каде често знае да биде гостин.

Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Саша Ковачевиќ, Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ….се само некои од музичките имиња кои настапуваа во Македонија.

Карлеуша пред некој викенд настапуваше во Охрид, а сега повторно запеја пред македонската публика.

Имено, таа вчера имаше настап во еден клуб во Струмица, а како и секогаш пејачката ја направи до врва атмосферата со својата појава.

Дискотеката беше исполнета, а како и нема кога гостува една ваква позната ѕвезда.

Во својот препознатлив стил на сцената се појави во панталони кои го откриваа нејзиниот задник, а таквото издание очигледно секогаш поминува кај нејзината публика, која ова лето по втор пат бараше влезница плус, за да ја гледа и слуша.

Како потсетување, таа имаше настап и во Охрид на почетокот на минатиот месец, каде дојде со приватен авион. И тогаш Македонците покажаа дека им е една од омилените, па не штедеа за влезниците.

Карлеуша како и останатите познати ѕвезди доста е актуелен и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Токму таму таа сподели видео од патувањето низ Македонија за време на кое очигледно ужива откако напиша дека нашата држава и е убава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.