Една од нашите најпознати пејачка Сузана Гавазова последниот период е често на на релација Македонија – Шведкса – Македонија.
Како што е познато Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.
Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.
Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.
Во интервју за Фокус, таа објасни зошто од Шведска се вратила во Македонија и како живее со сопругот и со ќерките, а зборуваше и како живееле во време на пандемијата.
-Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.
Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек.
Сузана Гавазова вчера во кругот на семејството го прослави својот 42-от роденден.
Сопругот Јасмин за роденденот и приготври изненадување и двоен подарок со што ја остави без зборови.
Имено најпрво Јасмин и доенсе кутија, а кога Гавазова отвори имаше што да види. Бурек и јогурт на што слатко се изнасмена.
Но веднаш потоа следеше главниот подарокт. Голем букет а во него мало кутивче коа кога го отвори Сузе имаше што да види.
Ги ококори очите и како што стоеше веднаш падна, но за среќа на столот кој беше веднаш зад нејзе.