(ФОТО) Гавазова кажа кој е кралот на македонската песна – голем комплимент за својот колега

  • By admin
  • февруари 28, 2022
  • 0
  • 365 Views

Популарната македонска пејачка Сусана Гавазова се почесто е присутна во медиумите, а има и зошто. Сузе која важи за една од нашите најубави и најзгодни жени на македонската јавна сцена знае како да привлече внимание.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со војата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Пејачката започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.

Без сомнение македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години и важи за најпопуларната.

Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.

Но, по неколку години живот во оваа земја, Сузе и Јасмин одлучија да се вратат во Македонија.

Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од нејзиното семејство, но и активности. Така беше и овојпат кога објави фотка со нејзиниот колега Влатко Миладиновски.

Тие двајца гостуваа во емисија на МТВ и притоа Сузе му даде голем комплимент откако напиша: Со кралот на македонската песна.

Без сомнение Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство.

– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.

– Немам омилена песна, јас сум дипломиран музичар, дипломирав на класична музика и џез, генерално слушам секаква музика.

Има период дома кога пејам и по цела недела па домашните велат намали малку, а потоа пак има период кога не потпевнувам па велат зошто не пееш, вели низ шега Влатко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.