(ФОТО) Благица Павловска славеше роденден на несекојдневен начин: Со еден куп торти и икони

  • By admin
  • декември 5, 2021
  • 0
  • 651 Views

Како што е познато Благица Павловска својата кариера ја започна при крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Нашата позната фолк-пејачка кога се појави на сцената беше позната низ поранешна Југославија, но и во дијаспората.

Благица тогаш изгледаше многу поразлично отколку што изгледа денес, што може да се види и од една стара фотографија што неодамна ја објави еден нејзин колега, а која веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Благица Павловска во тоа време важеше за една од најзгодните и најубавите пејачки во Македонија.

Благица својот прв албум „Не можам да те заборавам“ ќе го издаде во 1993 година, а истата е го издаде и албумот „Птичица“.

Павловска во текот на својата кариера настапуваше соло, но и како дел од групата „Четири грации“ каде покрај неа се и познатите македонски фолк-пејачки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.

Секогаш весела и насменана, подготвена за добра и весела атмосфера. Нејзините песни се без рок на траење, таа успева сите да ги развесели и расположи со своите песни кои ги знаат сите на памет, од најмлади до најстари.

Каде и да настапува таа прави неверојатно добра атмосфера.

Благица Павловска уште со првото нејзино појавување на сцената привлече огромно внимание кај публиката.

Таа беше една од ретките која имаше и глас и стас, а публиката од машкиот пол се топеше кога ја гледаше.

Павловска го прослави својот 63-ти роденден, а помеѓу гостите на забавата беше и нејзината добра пријателка, водителката Лила Филиповска.

Од снимките и фотките објавени на социјалните мрежи може да се види дека Благица славеше роденден со повеќе торти од кои повеќето беа прекриени со икони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.