(ФОТО) Атиџе покажа какви убавини има во дворот и кој е заслужен за тоа

  • By klaster3
  • август 25, 2022
  • 0
  • 441 Views

Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.

Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена.

Едноставна, мила, скромна, Атиџе зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости. И понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

За Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка и Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја и нивното пријателство не треба да се трошат премногу зборови.

Сузана отсекогаш била и ќе биде тука за Атиџе кога и да и е потребна, па така и неодамна побара да и се помогне на Атиџе затоа што се уште се нема обезбедно со дрва а нема средства.За потсетување пред некој ден таа напиша:

Мислам дека не треба да потенцирам кој(а) ми беше инспирацијата за овие камења? Атиџе се разбира – жената од која можевме многу да научиме, ама за жал ништо не научивме.

Чест на исклучоци кои покажаа дека се луѓе од збор и луѓе со срце и совест. Мисијата за Атиџе продолжува, следен предизвик е обезбедување на огревни дрва за претстојната зима, средување на дворот, оградување на истиот и изградба на летниковец.

Оваа нејзина објава доведе до бројни реакции и коментари, па Сузе почувствуа потреба повторно да се огласи:

За сите кои сакате да се вклучите во мисијата и да го убрзаме процесот на реализација пред почеток на зимата, пишете ми во инбокс.

Ви се обраќам во име на Атиџе. Сите, кои деновиве се осмеливте да го ставите во вашите погани усти големото име на Атиџе (па и моето) и да вр еѓате, пл укате, судите и омал оважувате некого на кого не сте му ни до ко лена, с рам и грев да ве фати…

Па дај боже и вие да живеете “богато” (со 4000 ден во месецот) како и Атиџе.

А што се однесува до мојата мисија за помош и поддршка на Атиџе, и без вас ќе продолжиме Бог на нашиот пат секогаш испраќа добри луѓе со кои сите предизвици, чекор по чекор ќе ги совладуваме, заеднички, стои во дел од објавата.

Турунџиева секогаш кога има слободно време оди да ја посети Атиџе, па така и вчера на празникот „Света Сузана“, Сузе отиде во Дорфулија од каде што сподели фотографии со Атиџе, а го покажа и дворот.

„За китките во дворот на Атиџе, најзаслужна е тетка Илинка – најдобрата нејзина сосетка“, напиша Сузана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.