(ФОТО) Анета Наковска заблеска од убавина и од пофалби, а Блага Петреска и порача: Шибај за Холивуд

  • By klaster3
  • август 22, 2022
  • 0
  • 474 Views

Анета Наковска е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енергија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.

Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.

Инаку, освен што е одлична пејачка, таа во приватниот живот е сопруга на охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги години е во брак. Спиро инаку живее во САД па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Македонија.

Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.

Спиро и Анета живеат во САД, но деновите за време на пандемијата ги минаа во нивната луксузна куќа во охридското село Велгошти.

Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.

Наковска доста е активна на социјалните мрежи, каде освен фотографии знае да сподели и свои ставови во врска со актуелните случувања во земјава.

За неа е познато дека важи за личност која говори без влакна на јазикот, она што го мисли го споделува.

Има голем број на пријатели и фанови коишто и се восхитуваат на нејзината заносна убавина, но и на местата каде што патува.

Така и овојпат, Анета сподели нејзина фотографија на Фејсбук под којашто се нижеа голем број позитивни коментари, а нејзината колешка и пријателка, пејачката Блага Петреска и напиша:

„Шибај за Холивуд, ама еве сега тие ќе дојдат во Македонија па уште полесно хахахх поздрав срцка прекрасна си“, а Наковска не знае за што станува збор:

Многу ти фала убавино брееии што убавко ми иде вака посебно ти ко ќе ме пофалиш уф уф уф. А што кој ќе идел тука кај нас?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.