Филипче со најава за убава вест – моментот кој што многумина од нас го исчекуваат

  • By admin
  • јуни 28, 2021
  • 0
  • 2885 Views

Филипче истакна дека за да се прогласи крај на епидемијата во државата потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуси од 14 дена.

Ако продолжи трендот на сегашната епидемиолошка состојба во државата со мал број на пациенти кои се лекуваат во болниците, може да се случи во август или на почетокот на септември да се прогласи крај на епидемијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на трибина насловена „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.

„Нашите капацитети се сега спремни. Сега ако се случи некакво влош ување точно знаеме кој систем ќе го активираме во делот на ротација на лекарите, на медицинските сестри, имаме сосема доволна количина во резерва – брзи антигенски тестови, добри надградени капацитети, се она што го работевме целиот овој период на лабораториите и на Институтот за јавно здравје“, вели Филипче.

Тој додава дека е обезбедена доволна количина на лекови со помош на фондациите и проектот на Светската банка.

„Така што во делот на болничките капацитети сме целосно спремни доколку се случи нов бран и можеме прилично брзо да интервенираме“, рече Филипче.

Сегашната епидемиолошка состојба во државата е стабилна, само мал број пациенти се лекуваат во болниците и ако продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година да се прогласи крај на епидемијата, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче истакна дека за да се прогласи крај на епидемијата во државата потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуси од 14 дена.

На трибината зборуава и други лекари за актуелните теми поврзани со сегашната епидемиолошка ситуација. Тие се осврнаа и на актуелната варијанта на делта вирусот.

Филипче рече дека делта варијантата на вирусот има двојна мутација и дека некои земји се соочуваат со нов силен бран на таканаречениот индиски сој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.