Ферус Мустафов бара работа за својата сопруга, па распали по македонски колеги: Срамота е

  • By admin
  • јули 27, 2021
  • 0
  • 8954 Views

Ферус Мустафов важо за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетист и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

После една година во ена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога на популарност на народната музика што се случила таму во тоа време.

Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот негов досегашен живот, живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот…затоа што него го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаат сите.

Како што е познато Здружение на естрадни уметници на Македонија вчера појаснија дека во време на финансиска криз а поради пандемијата, не е коректно да се излеваат парите надвор од земјава, па наместо странски, да се ангажираат домашни музичари.

Исто така, реагираа и поради брзото ширење на новиот сој на вирусот, гледајќи ги гостите од страна како можни преносители, бидејќи доаѓаат со големи екипи и патуваат во разни краеви.

На ова со свој коментар се огласи Ферус Мустафов кој во интервју за Фокус.мк кажа:

-Како би ми било мене, да имам настап во регионот, и тамошните музичари да се побунат против моето гостување? Лоша работа е тоа, не смее така да се резонира.

Би им порачал на колегите од Македонија да бидат сплотени и да покажат човечност за сите, а не да излегуваат со вакви, срамни барања.

Не може на државата да и се каже кој да биде забранет, ниту пак на сопствениците на локали, а уште помалку на публиката, каква музика да слуша и каде да ги троши своите пари – појаснува Мустафов па се осврна на приватниот живот:

-Јас примам минимална пензија, сопругата Јелена не е вработена, иако веќе подолг период бара работа. Ја имаме ќеркичката Мелек која има девет години, се снаоѓаме како умееме.

Минималната пензија е доволна да се платат сметките, но не се жалам. Имам помош од семејството, толку години сум настапувал, сум заработувал, срамота е сега да излезам во јавност и да барам помош од државата. Единствено ми треба вработување за сопругата, сега Мелек е поголема, па мајка и ќе може да оди на работа- изјави Ферус за Фокус.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.