Почнуваат велигденските празнувања за православните христијани. Граѓаните ги чека продолжен викенд исполнет со традиционалното боење на велигденските јајца.
Утре е Велики Четврток, или шестиот ден од Страсната Седмица, односно пет дена по Лазаровата Сабота и четири по Цветници, според источното христијаноство, а според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници.
На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, пред авањето на стра шните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавс тво на Христос.
На Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и к рв.
На Велики четврток се празнуваат четири настани: светото миење на учениците „нозете, Тајната вечера, чудесната молитва и предавството на Јуда.
Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мрт вите, кои остануваат на земјата 40 дена.
Вапцувањето започнува на Велики Четврток. Првите три јајца се вапсуваат на овој ден пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години.
Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.
За првото јајце се верува дека има маг ична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.
Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: “црвено, бело, дебело“.
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смр тта.
Таа ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата к рв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава.
Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гро бот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гро бот излегол Исус Христос.
Како што бојадисаните црвени јајца од Вели Четврток се јасна најава на блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики Четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.