Тргнува по стапките на мама: Ќерката на Тамара Тодевска на млади години започнува

  • By admin
  • октомври 31, 2022
  • 0
  • 228 Views

За познатата македонска пејачка Тамара Тодевска не е потребно премногу да се трошат зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.

Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.

Тамара своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.

Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска речиси секојдневно ги информира своите следбеници на социјалните мрежи за своите активности.

Освен што е посветена на својата професионална кариера, таа е и фамилијарна жена и мајка, па така овојпат се огласи за нејзината ќерка.

Мојата Хана ќе пее на Златно славејче 2022, на 13. ноември во Македонска филхармонија песна на Игор Џамбазов и Јустрбродуцтион.

На Златно славејче започнале многу кариери, се откриле голем број на таленти. Не знам дали Хана ќе го продолжи мојот пат, но со сигурност ќе ја има мојата поддршка за што и да се одлучи.

Дојдете во Филхармонија, да уживаме во новите детски хитови. За сите деца да биде сонце.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.