Тони Михајловски важи за еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци, водител на радио и телевизија и стоечки комичар.
Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.
Периодов доста активен е во соседна Србија каде што постојано е на снимања. Како што напишаа тамошните медиуми, Тони Михајловски за првпат во српските медиуми за емисијата „Мали нешта“ на Хајптв.рс зборуваше за приватниот живот, но и за теми поврзани со улогите.
– Секој филм кој го снимам долу во Македонија после 2 години кога е премиерата морам да читам титлови што сум зборувал – или е турски или цигански или албански.
Не знам зошто, никој не ми верува дека сум христијанин. Или пак е поради променета генетика под влијанието од 550те години на От оманската империја. Еднаш во Истанбул ме вратија од бар за странци бидејќи не ми веруваа дека не сум Турчин.
Не познавам маж кој ја избегнува љубовта, таа те пронаоѓа, те фаќа и не те праша дали си спремен. Тоа едноставно се случува, хемиски процес е во човекот.
Јас пишувам песни дури сум напишал и неколку текстови од кои некои бендови долу направија песни. Имам еден стих, кој можеби звучи пат етично: „Ако некогаш ми скршиш срце на илјада парчиња, тоа ќе бидат илјада срца кои те сакаат и обожаваат на ист начин“.
Во животот не ги контролирав работите колку што оставав да ми се случуваат сами по себе. Бев менаџер на хотел, работев на радио, на ТВ, се што и нема допирни точки со глума.
Имав сон дека ќе станам милионер на 40 години, не знам дали сум размислувал дека ќе станам глумец. За да се запишеш ан фду требаше да имаш врски.
Мислев дека никогаш нема да успеам да станам актер. Случајно отидов на приемен испит, се вратив од вој ска, ме поканија другарите, подготвив монолог кој не беше стандарден за факултетот. Отидов да се забавувам и само мене ме прифатија, вели Тони.