Теа Таировиќ заврши зад решетки во Германија и тоа на аеродром при обид да ја напушти државата

  • By admin
  • октомври 9, 2022
  • 0
  • 386 Views

Познатата српската пејачка Теа Таировиќ со нејзините хитови, но и изглед ги освои симпаатиите на многубројната регионална јавност.

Теа последните години е доста чест гостин низ локалите ширум Македонија, а така беше и веќе изминатото лето.

Пејачката Теа Таировиќ откако зачекори на сцената на „Гранд“ продукција како дел од „Ѕвездите на Гранд“, се смета за една од најзгодните пејачки во Србија.

Пејачката на сцената е присутна релативно краток период, односно околу пет-шест години, а популарноста нагло и порасна по објавата на видео записи на кои добива огромни бакшиши.

Освен по добивањето на големи бакшиши на сцената, позната е и по своите жешки настапи поради што привлекува и публика во најголем дел.

Теа Таировиќ во раните утрински часови беше задржана на аеродромот во Хамбург заедно со уште неколку музичари. Според неофицијални информации, двајца музичари кои биле со пејачката се ослободени, додека Таировиќ е при ведена.

Пејачката била приведена, како што пишуваат српските медиуми, од финансиската полиција, а причините за тоа се уште не се позната.

Едната верзија е тоа дека Теа ги надминала дозволените работни часови во Германија, а другата се парите, околу 70.000 евра што ги наосела со себе.

-Работела во Бугарија, а парите што ги добивала за бакшиш ги носела со себе во Германија, мислејќи дека ќе си купи нешто во шопинг бидејќи работела два дена, петок и сабота во Хановер и Хамбург, дознаваат медиумите од извор близок до пејачката.

Како што се шпекулира, постои можност на пејачката да и биде забранет влез во Германија до понатамошно известување, но и на нејзините колеги кои се најдоа на списокот на при ведени.

Не се познати сите имиња на забавувачите кои беа изведени, а засега е познато само името на Теа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.