Тамара Тодевска: Моментално одлучив да се променам

  • By klaster2
  • април 2, 2022
  • 0
  • 448 Views

За Тамара Тодевска не е потребно да се трожат премногу зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.

Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.

Тамара своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.

Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.

Пејачката Тамара Тодевска викендот што измина одржа мини концерт во својот препознатлив енергичен стил пејачката ја крена публиката на нозе.

И докажа зошто е на врвот на македонска музичка сцена. Силниот глас и енергија се карактеристични за нашата поп дива.

Таа ги изненади фановите, враќајки се на стариот имиџ, со нејзината кратка фризура со шишки кои беа препознатлив нејзин дел пред десетина години.

– Имав цели три години огромна пауза, но овде ми е најубаво кога пеам пред скопската публика, овде израснав и имам верни обожаватели.

– Моментално одлучив да ја променам фризурата, седев на фризер и си реков да направам промена после скоро 10 години, вели Тамара пред камерите на ,,Бекстејџ”

– Од неодамна бев во српско студио каде што заедно со раперот ,,Цоби” договараме нешто многу јако па ќе видиме дали ќе испадне.

– Сакам да се вратам на балканската музика, но секако македонската нема да ја заборавам. Ќе следуваат многу нови хи тови.

– Кога ќе ме видат во Србија веднаш ги асоцирам на песната ,,1003” песната е стара скоро 20 години но ете се уште се слуша и се пее.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.