Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:
Овие, пак, забеганиве со муабетот “Ако ви е Шарени, Грујо ви беше лош?!” Ало бре?! Да, Грујо беше лош – забега во неповрат!
Работеа првите 2 години во некоја ок насока и после кога почнаа да кр адат, заборавија зошто седнале на тие функции.
Си тераа своја лична агенда и штанцаа милиони (милијарди), додека паралелно буквално ги окупираа институциите и државата за свои цели и вечно владеење.
Она што сега Заев го користи како механизам, веќе беше фино поставено од Грујо и компанијата (меѓу кои и многу од луѓето кои денес уште се во дпмне и си тераат политка).
Грујо требаше и мораше да си оди, а богами и да си лежи, заедно со куп други кои не’ држеа заложници и не’ кр адеа.
Тогаш мораше да се даде шанса на други (немаше многу избор), кои за жал, сега покажаа дека се и полоши!
Затоа, сега, мора да се даде шанса на нови луѓе, без кр иминално минато, кои не кр аделе државни пари, кои не ослободувале кр иминалци и не местеле судски процеси, кои не се олигарси и сопственици на пола држава.
Кои не се сопственици на бизниси кои ја загадуваат државата, кои не се договараат со ѓа волот заради власт, кои не се вазали на странски амбасади…
Не, не бил Грујо најдобриот премиер! Не, не е Заев најдобриот премиер! Можеме подобро и мораме подобро.
Во спротивно, слободно може да ставиме клуч на државава и да си ги спакуваме куферите за било каде, оти тука ќе биде невозможно за живот!