Сузе згрме во име на Атиџе по она што и се случи: Арам да им се парите

  • By admin
  • август 21, 2022
  • 0
  • 364 Views

За Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка и Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја и нивното пријателство не треба да се трошат премногу зборови.

Сезе деновиве повторно се активираше на социјалните мрежи во врска со својата голема пријателка Атиџе. За потсетување пред некој ден таа напиша:

Мислам дека не треба да потенцирам кој(а) ми беше инспирацијата за овие камења? Атиџе се разбира – жената од која можевме многу да научиме, ама за жал ништо не научивме.

Чест на исклучоци кои покажаа дека се луѓе од збор и луѓе со срце и совест. Мисијата за Атиџе продолжува, следен предизвик е обезбедување на огревни дрва за претстојната зима, средување на дворот, оградување на истиот и изградба на летниковец.

Оваа нејзина објава доведе до бројни реакции и коментари, па Сузе почувствуа потреба повторно да се огласи:

За сите кои сакате да се вклучите во мисијата и да го убрзаме процесот на реализација пред почеток на зимата, пишете ми во инбокс.

Ви се обраќам во име на Атиџе. Сите, кои деновиве се осмеливте да го ставите во вашите погани усти големото име на Атиџе (па и моето) и да вр еѓате, пл укате, судите и омал оважувате некого на кого не сте му ни до ко лена, с рам и грев да ве фати…

Па дај боже и вие да живеете “богато” (со 4000 ден во месецот) како и Атиџе.

А на сите кои се дрз нуваат ла жно да продаваат мед под нејзино име, арам да им се парите. Потенцирам: Мед од Атиџе е само оној кој сте го купиле лично од неа!

Додека на оние пак, на кои 20 евра за медот на Атиџе ви се многу, не морате да купите, ама барем не морате ни да лаете и ширите сомнеж со триста бесмислени шпек улации.

А што се однесува до мојата мисија за помош и поддршка на Атиџе, и без вас ќе продолжиме Бог на нашиот пат секогаш испраќа добри луѓе со кои сите предизвици, чекор по чекор ќе ги совладуваме, заеднички.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.