Сузана е во брак од 2017: Со сопругот се гледаме двапати месечно: Ова е совршен брак

  • By admin
  • март 15, 2021
  • 0
  • 2060 Views

Сузана е во брак од 2017 година, но не живее со сопругот и вели дека тоа и го спасило бракот!

-Се сретнав со Веја на хуманитарна акција во време кога бев пред развод. На таа акција тој беше во љубовна врска со друга жена. Сепак, нашите очи се сретнаа. Иако тој тргна по мене јас започнав да разговарам со други луѓе.

Сепак, не требаше многу и двајцата се најдовме во разговор во кој навистина уживав. Веј ме покани да им се придружам на вечера што се разбира, јас одбив. Подоцна ме извести дека раскинал со жената со која беше таа вечер и тоа поради мене. Ми рече дека целиот живот чекал да се заљуби – вели Сузана.

Таа продолжува и вели дека од почетокот на нивната врска, сè одело без проблеми – толку добро што ја плашело по малку. Како што вели таа на крај се испостави дека се плашела со причина.

– Наскоро нашата романса се претвори во тор надо. Утрото по нашиот прв Ден на вљубените откривме многу не пријатно изненадување. Мојот поранешен не само што го отвори автомобилот на Веј, туку зема се од него.

Се чувствував не пријатно. Му реков на Веј да ме остави ако сака. Сепак, тој ме запроси следниот ден на вљубените. Една година после тоа, се венчавме. Но, за разлика од повеќето брачни парови, ние никогаш не започнавме да живееме заедно. Не сакавме да ги следиме наметнатите општествени норми. Одлучивме да го создадеме нашето животно патување, наместо да ги следиме туѓите сценарија – рече Сузана.

Двајцата, иако во брак, ги дели четиричасовно возење и Сузана вели дека тоа е идеално.

– Во моментов и двајцата сме таму каде што треба да бидеме за да напредуваме во кариерата. Никогаш не разговаравме навистина за тоа, но она што започна како почетна не пријатност сега се претвори во наш начин на живот.

Разговараме секој ден, и се гледаме претежно двапати месечно. Во најголем дел, нашиот брак е под знак прашалник и ние го разбираме тоа. Многу наши пријатели не веруваа дека ќе издржиме повеќе од шест месеци, но еве не, сè уште сме заедно.

Зарем бракот не треба да се дефинира од оние што се во него, а не од набљудувачите? Условите ги одредуваме ние, а не традицијата – вели Сузана.

Таа исто така признава дека повремено се сомнева во бракот, но на крајот секогаш заклучува дека така најдобро функционираат.

– Овој вид на врска ни дава можност да бидеме свои и да се поддржуваме меѓусебно без притисок да бидеме нешто што не сме – вели Сузана, која остава можност дека таа и нејзиниот сопруг можеби ден ќе сакаат да живеат заедно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.