Странците кои се во Германија пет или повеќе години ќе добијат убава можност за подобра иднина

  • By admin
  • јуни 7, 2022
  • 0
  • 537 Views

Како што е познато Германија се соочува со голем недостиг на работници во поголем дел од дејностите, а особено тоа се однесува на неколку гранки.

Иако голем број странци, како од ширум светот, така од Европа, вклучувајќи ја и Македонија постојано се селат во Германија, ситуацијата не се подобрува.

Наделжните постојано бараат начини како да привлечат повеќе работници за да ги пополнат празниците, а во таа насока се и последните најави од надлежните.

Германското МВР планира барателите на азил кои биле одбиени, а се добро интегрирани во Германија, во иднина да можат да останат во земјата.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер наскоро ќе предложи закон со кој ќе се добива „шанса за право на престој“, јавија првиот канал на германскиот радиодифузен сервис АРД и магазинот Шпигел

Исто така странците кои живеат во Германија пет и повеќе години врз основа на таканаречениот „дулдунг“ или толериран престој и кои се добро интегрирани во општеството, во иднина треба да добијат целосно уредено право на престој, најави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Предлог-законот со измени во регулатива треба да биде изготвен пред летните одмори, а во него, според Фезер, ќе има олеснувања за квалификуваната работна сила меѓу ими грантите.

Истовремено, со него ќе биде полесно протерувањето на оние кои го изгубиле правото на престој. Германски „Шпигел“ објавува дека во земјата во моментов има повеќе од сто илјади лица кои пет или повеќе години живеат во Германија токму со толериран престој.

Тие лица немаат регулиран статус на престој, па оттаму не можат да ги остварат сите свои права, поради што се планира да им се олесни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.