Стевчо Јакимовски: Епа на здравје глупаци

  • By admin
  • март 2, 2021
  • 0
  • 2833 Views

Статус на Стевчо Јакимовски:

2018та јас бев на страна на вистината, а тие беа дел од лагата. Ме апсеа, ме правеа криминалец, руски шпион, а јас тврдев дека лажат. Но, на лагата и се кратки нозете.

Излезе на виделина дека не сме Македонци, јазикот не е македонски, не може да се употребува терминот “македонски” и што ли уште не.
Што има лошо во тоа што МАНУ бара да се оценат импликациите од Преспанскиот Договор?

Ама кукавиците цвикаат! Откриениот задник ќе им се види и од Шар Планина. Инвестициите после НАТО ги нема, економски раст – јок, безбедност – тапа, стандард – ничкум, вакцини – мало сутра, задолжување колку сакаш. И!?

На анкетата од пред неколку дена речиси 60% од граѓаните се спремни да си го вратат името по цена и да не сме членки на НАТО и ЕУ.
Епа на здравје глупаци! Се излајнивте, па дури и вашето НАТО. Јас и тогаш и сега сум на страна на вистината која многу ве боли, а вие повторно на страна на лагата која ви прилега!

П.С. Опаа! Дури 32% од Албанците се за враќање на името по цена да излеземе од НАТО и да не влеземе во ЕУ. Вината не ја барајте кај мене и во опозицијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.