Снеже Велков: Може мед секој ден да јадеш ама од уста oтpoв да плукаш

  • By admin
  • ноември 2, 2022
  • 0
  • 335 Views

Снеже Велков е добро познато име и презиме на македонската широка јавност, водителка која што низ годините наназад често е присутна на малите екрани.

Секогаш искрена во своите објави е нашата позната водителка Снеже Велков, која често на Инстаграм знае да сподели свое искуство како поука за нејзините следбеници.

Освен што работи приватно, на телевизиските екрани веќе втора сезона ја гледаме во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков.

Таа е доста активна на социјалните мрежи, пред се на Инстаграм каде што со својата последна објава привлеч пак внимание:

Денес е светски ден на веганите!И тоа не значи баш ништо. Оти од очи не се чита што јадеме Оти не има секакви

И месојадни и вегани и вегетаријанци и тие што млеко не пијат има такви и што риба не јадат мнозинството не јадат боранија ниту грашок а знам такви што не јадат патлиџан.

Има и од тие кои не јадат сирење едни пак не сакаат жолчка од јајце,а познавам и такви што леќа не можат да смислат.

И знаете што? Мегу сите погорни има супер луѓе а има и луѓе што се хранат со квалитетна храна ама освен тоа немаат ништо друго квалитетно во себе.

Има едни па само брза храна јадат ама исто толку брзо се подготвени да ти помогнат или излезат во пресрет.

Има едни што ќебапи јадат и на кромид подзамирисуваат ама па најдобри вицови и шеги кажуваат.

А едни пак, само чисто месо јадат и само органски производи консумираат ама лажираат,провоцираат,завидуваат и сопнуваат

За тоа не сакам поделби не сакам предрасуди наметнувања или потенцирања… Важно е што јадеш. Важно е како јадеш. Важно е колку јадеш. Важно е кога јадеш.

Ама уште по важно e да не се јадеш себе си и да не му јадеш душичката на некој дрг, А најважно од сè не е тоа што внесуваш, туку што од уста изнесуваш Оти може мед секој ден да јадеш ама од уста oтpoв да плукаш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.