Снежана од Велес живее на штрек: Од соседната куќа делови може да ми влезат во спална

  • By admin
  • ноември 12, 2021
  • 0
  • 573 Views

Велешанката Снежана Атанасова секој ден живее во ст рав да не и се урне плочата од соседната руи нирана куќа врз нејзиниот дом. Не знае кому да се обрати за нејзиниот проблем.

Ниту таа, ниту соседите не знаат кој е сопственик на оваа некогашна куќа, оти пред 20 години е оставена на забот на времето.

При секое не време делови од руината се уриваат врз куќата на Атанасова. Соседите велат дека местото каде што негогаш имало куќа, сега е претворено во буниште.

Соседите креваазт раменици кога ќе ги прашате чиј е овој објект. Сопственичката е одамна поч ината, а ова место веќе две децении никој не го посетил.

„Некни паднаа делов и ми скрш ија табли од покривот. Ставив еден плех провизорно. Но плочата ако падне може да ми влезе во спалната и да ме от епа.

Тие слушнале гласини дека куќата ја откупила општината и апелираат до неа да преземе мерки за нејзина санација.

Од Општина Велес велат дека нивни екипи денеска излегле на терен за да ја утврдат состојбата. Демантираат дека куќата е на градот и велат дека старите газди се сеуште сопственици.

– Комисијата излезе на терен, изврши увид и според катастар, обејктот е во приватна сопственост. Соседите кажаа дека сопственичката на куќата е почината, а наследниците не им се познати.

Ќе се состави записник и ќе се достави до сопствениците односно наследниците и ќе се спроведе постапка согласно со важечките законски прописи, велат од Општина Велес.

Од општината појаснуваат дека доколку сопствениците не го расчистат местото, тоа ќе го направи општината, а трошоците за тоа, ќе ги фактурира на наследниците на имотот.

Ова не е едиствениот ваков случај во Велес. Лани неколку куќи со автентична архитектура почнаа да се уриваат, правејќи штети на соседните објекти. Досега нема реакции ниту од државата, ниту од нивните сопственици.

Целата сторија со видео прилог може да ја погледнете на ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.