Вчера на 63-годишна возраст овој свет го напишти познатата новинар и поранешен генерален директор на Македонската радиотелевизија, Гордана Стошиќ.
Таа беше дел од Националната телевизија како репортер, а подоцна и како водител и уредник на вести. Одреден период беше раководител на телевизијата А1, а потоа се врати во МРТВ на позицијата генерален директор. Беше и директорка на скопската телевизија Скај нет.
Стошиќ во својот работен век раководеше и повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор.
Во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1.
Во својата богата новинарска кариера Стошиќ беше генерален директор на Македонската радио-телевизија (МРТВ) во периодот од 2002 до 2006 година како и уредник на информативната програма во првите години кога се основаше А1 телевизија.
Стошиќ во уредничката кариера остави печат со обуката на млади новинари. Во својот работен век Стошиќ раководеше и низа други медиумски проекти, а беше активна и во граѓанскиот сектор.
ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството на колешката Гордана Стошиќ, соопшти ЗНМ.
Меѓу оние кои колешки кои емотивно се збогуваат од Гордана беше и новинарката Снежана Лупевска Созен која на својот профил напиша:
„По чивај во мир моја драга уреднички. Во А1 не научи на професионализам и дисциплина на посветност и ентузијазам.
Не ни беше само шеф туку и другар. Нека ти е светол патот“, стои во објавата на Лупевска Созен.