Слаѓан, татко на три деца остана без плата и детски додаток, не знае како ќе преживеат, па го праша Заев нешто

  • By admin
  • февруари 21, 2021
  • 0
  • 886 Views

За да бидеш корисник на детски додаток за трето дете треба да примате минимална плата Така предвидува измената на законот од март 2020. Ова влијаеше видно да опадне бројот на корисници на ваквата помош.

Слаѓан Ѓорески, татко на три деца е еден од родителите чие барање е одбиено за примање детски додаток. Тој вели дека е одбиен бидејќи примал плата малку повисока од минималната.

„Барањето за трето дете ми го одбија затоа што сум бил вработен и сум земал плата поголема од минималната. Ние, петчлено семејство живееме од плата само што ја земам јас. Со сопругата имеме три дечиња, од кои две близначиња стари по шест месеци и едно дете од 2 години и шест месеци.

Мора да се бориме, да живееме. децата мора да јадат, но искрено и јас незнам како ќе преживееме.

За да биде полошо, само неколку дена откако му е одбиено барањето, Слаѓан останал без работа и сега останал и без плата и без детски додаток. Вкупниот број на корисници на детски додаток во Кичево изнесува 405.

Координаторот на Центарот за заштита на децата во Кичево вели дека измената на законот е дискриминирачка. Тој го спомена фактот дека изминатите години во Кичево над 70 семејства примале детски додаток за трето дете, но со измената на законот бројката е падната на 20.

„Моментално, новиот закон има неколку позитивни страни, но од друга страна е дискриминирачки, бидејќи повеќето од децата кои треба да примаат детски додаток, додаток за родител, школски додаток итн, ги ограничува или им дава лимит тие да се со минимална плата или да е вработен само едниот родител и тој да има минимална плата“, истакна Садик Емроја.

Очаен, Слаѓан има прашање и до премиерот Зоран Заев:

„Дали Заев доколку е во моја ситуација со петчлено семејство би преживеал со 20.000 денари плата, зборам тука да се платат сите сметки и храна“, вели Слаѓан во изјава за ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.